Top Sport

Зверев не го убеди Дибала да направи трансфер во Баерн

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала му подари дрес на новиот шампион од АТП финалето во Торино, Александер Зверев дрес со бројот 10, и одговарајќи на убедувањето на Германецот да потпише за Баерн Минхен, призна дека барем пет години останува кај „бјанконерите“.

Дибала беше гостин на завршниот тениски турнир, и му даде на шампионот Зверев дрес со неговиот број и му посака добредојде во автомобилистичкиот центар на Италија.

„Дали ќе те најдам тука следните пет години? Ако не е така, тогаш Минхен е подготвен да ти посака добредојде“, изјави Зверев, посочувајќи на неговиот омилен тим, Баерн Минхен.

„Следните пет години, ако се враќаш тука, тогаш ќе се видиме. За мене, само Торино“, вели Дибала.

Scroll to Top