Top Sport

Звезда го победи Партизан, пак нереди на трибините (видео)

Црвена звезда се одвои на 9 поени пред Партизан откако во 157. белградско градско дерби славеше со 2:1 во меч повторно одбележан со насилство на трибините.

Звезда поведе во 18. минута преку Немања Радоњиќ, а само три минути подоцна Пешиќ го зголеми резултатот на 2:0. Партизан успеа некако да се соземе во второто полувреме, а во 75. минута Ожеговиќ од 12 метри имаше убав удар. Истиот фудбалер го постигна конечните 2:1 во судиското надополнување од белата точка. Звезда сега има 42 поени, Партизан е втор со 33.

Додека на теренот беше фер до досудувањето на пеналот за Партизан, на трибините имаше поголема тепачка, откако навивачите на Звезда тргнаа од јужната кон западната трибина со балони кои ги уфрлија во свечената ложа. Полицијата бргу интервенираше, но мечот беше прекинат накратко.


Scroll to Top