Top Sport

12 трипл-дабл во април – Вестбрук пред легендата Чембрлен

Додека е во потера по рекордот на Оскар Робертсон, за најмогу одиграни трипл-дабл натпревари во кариерата, Расел Вестбрук, урна рекорд на една друга НБА легенда.

Во поразот на Вашингтон Визардс од Сан Антонио Спарс (143:146), Вестбрук го забележа 175. трипл-дабл во кариерата (22 поени, 13 скокови, 14 асистенции). Пред него на вечната листа со 181 трипл-дабел е Робертсон.

Бекот на Визардс, против Сан Антонио го одигра 12.трипл-дабл натпревар овој месец, со што го урна рекордот на Вилт Чембрлен, поставен пред 43 години.

„Искрено? Мислам дека не постои кошаркар како мене. Жал ми е ако луѓето не го разбираат тоа. Секогаш се трудам да одиграм на високо ниво. Луѓето ме напаѓаат дека играм за статистиката, верувајте ми не се во право“, рекол Вестбрук.

Визардс се десетти на истокот со 27 победи и 34 порази, до крајот на сезоната ќе се борат за место во плеј-ин, односно до разигрувањето за пласман во плејофот.

Scroll to Top