Top Sport

14-годишна Литванка пишува историја, најмлад дебитант во Евролигата

Младата литванска кошаркарка, Јусте Јосите со 14 години и 29 дена стана најмладата дебитантка во историјата на женската Евролига.

Кошаркарката на Асвел своето деби во Евролигата го забележа на мечот против Динамо Курск во кој францускиот тим победи убедливо со 84-59.

Младата Литванка така го надмина рекордот на Унгарката Диана Кмезич која првиот меч во Евролигата го одигра со 14 години, 10 месеци и 20 дена.

Јосите, која е родена на 19 ноември 2005 година вниманието на кошаркарската јавност го привлече минатиот месец кога настапи за својата селекција (сениорска) во квалификациите на ЕУРО 2021 на мечот против Албанија.

Младата кошаркарка во помалите категории настапуваше на позиција центар и крилен центар, додека со влегувањето во сениорска конкуренција, повеќе ги покрива надворешните позиции.

Scroll to Top