Top Sport

19-годишен „волк“ го има забивањето на сезоната во НБА

Ентони Едвардс (19) беше прв пик на неодамнешниот НБА драфт, го одбраа од Минесота Тимбервулфс. На младиот играч кој со градбата на телото и со стилот на игра потсетува на Донован Мичел од Јута Џез му предвидуваат сјајна иднина.

На ден пред Бадник дебитираше со 15 поени во победата над Пистонси, а пред 3 дена уфрли 28 поени во кошот против ЛА Лејкерс, од кои 7 тројки.

Иако беше очаен во поразот против Торонто, го има најефектниот потег на мечот, можеби и на сезоната.

Ефектно и брутално ја заби топката во обрачот пред 10 сантиметри повисокиот од него Ватанабе.

Погледнете:

Scroll to Top