Top Sport

20.000 цвеќиња – Навивачите на Партизан подготвуваат трогателно збогување со жртвите

Навивачите на Партизан започнаа акција за на убав начин да се простат од настраданите во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Навивачката група „Гробарски треш романтизам“ ги повика сите навивачи да донесат цвеќе на мечот со Реал Мадрид, кое ќе го постават на теренот пред почетокот на натпреварот.

Натпреварот се игра вечерва од 20 часот и 30 минути во Арена, ќе започне со едноминутно молчење, а во чест на починатите нема да има музика, навивачка кореографија или други забавни елементи кои ја придружуваат организацијата на ваков настан.

Да потсетиме, 13. годишен ученик, вчера,уби осум ученици и училишен чувар.

Scroll to Top