Top Sport

Томиќ нов тренер на КК Црвена звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда договори три годишна соработка со тренерот Милан Томиќ. Томиќ изминатите десет години беше помошник во Олимпијакос и учествуваше во освојувањето на две титули во Евролигата.

Томиќ, на кормилото на Црвена звезда, дојде по препорака на легендарниот српски тренер Душан Дуда Ивковиќ.

Како играч, Томиќ, кариерата ја градеше во Олимпијакос и со овој тим ја освои Евролигата.

Scroll to Top