Top Sport

40 години немало вакво деби во дресот на Вориорс

Немања Бјелица имаше деби од сништата на дебито во дресот на Голден стејт Вориорс. Српскиот репрезентативец, заедно со Стеф Кари, го предводеше тимот до победата над Лејекрси во Лос Анџелес 121:114.

Првиот официјалн меч за Ворирос, Бјелица го заврши со 15 поени и 11 скока. За 25 минути колку што мина на теренот, промаши само еднаш од поле (5/6 за два, 1/1 за три).

Вориорс на „Твитер“, објавија дека, Бјелица е првиот играч по 40 години, кој успеал да забележи дабл-дабл во дебитантскиот натпревар.

Претходно тоа го направил Сем Вилијамс (16 поени, 12скока), на 30.октомври 1981 година во дуелот со Денвер Нагетс.

Бјелица, ова лето пристигна во Голде стејт, претходно во НБА лигата играше во Сакраменто, Минесота и Мајами.

Scroll to Top