Кошаркарите на Црвена звезда синоќа во Сремска Митровица, во последниот натпревар од 13.коло во АБА лигата, славеа над Мега Бемакс 90:85 и ја задржаа лидерската позиција на табелата.
Натпреварот во салата „Пинки“ покрај огромниот број на лични грешки и изведени слободни фрлања, го обележа ефектното забивање на Перо Антиќ.
АБА лигата оваа минијатура на Македонацот ја прогласи за најдобар потег во 13.коло.
Антиќ натпреварот против Мега Бемакс го заврши со 10 поени и шест скока.