Top Sport

АБА лига: Жориќ МВП на сезоната (Видео)

Кошаркарот на Цибона Лука Жориќ е прогласен за најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната во АБА лигата. 33-годишниот кошаркар во просек бележи најголема валоризација од сите играчи во лигата.

Искусниот центар сезонава одигра 21 натпревари на кои во просек бележел 19,7 поени, 7 скока, 16 асистенции и 1,1 блокади. Просечната валоризација на Жориќ изнесува 23,24 што му ја донесе МВП наградата.

Екипата на Цибона за која настапува Жориќ сезоната ја заврши на претпоследното место со седум победи и 15 порази.

извор: aba-liga.com

Scroll to Top