Цибона успеа во драматичен меч да го совлада шампионот на Босна и Херцеговина, Игокеа со 87:86 во дуел од 20. коло од АБА-лигата.
Цибона одигра фантастични 30 минути во „Домот на Дражен“, и имаше постојано водство, кое во еден момент беше огромни 17 поени. Меѓутоа, во последната четвртина, тимот од Лакташи направи серија од 14:0 и дојде во водство и направи шест поени разлика.
Цибона со низа од 7:0 дојде до 87:86, по што Игокеа имаше напад за победа, кој не резултираше со поени. Лука Жориќ имаше 19 коша за Цибона, додека Рајнхарт уфрли 17 за Игокеа.