Top Sport

Ацо Петровиќ е нов спортски директор на хрватската кошарка

Александар Ацо Петровиќ е новиот спортски директор на Хрватскиот кошакаркарски сојуз (ХКС), нова позиција на која поранешниот кошаркар и тренер треба да го крене нивото на хрватската кошарка.

„Управниот одбор на ХКС донесе одлука за распушање на Стручниот совет за кошарка, по што пред претквалификациите за Европското првенство во 2025 се формира позиција на спортски директор, која му е понудена на Александар (Ацо) Петровиќ, кој ја прифати одлуката“, се вели во објавата.

Петровиќ, инаку брат на легендарниот Дражен Петровиќ, трипати беше селектор на хрватската репрезентација, а работеше и како селектор на Босна и Херцеговина и на Бразил.

Scroll to Top