Top Sport

АЕК и Монако во финалето

Кошаркарите на АЕК од Атина и Монако ќе играат во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите на ФИБА. Во полу-финалните мечеви на завршниот турнир чии домаќин е ОАКА арена во Атина, Монако го победи Лудвигзбург, а АЕК во драматичен меч беше подобра од Мурсија.

Монако без проблеми се пласира во финалето на завршниот турнир, откако во првото полу-финале го декласира германскиот тим Лудвигзбург со 87:65.

Босанскиот репрезентативец Кикановиќ со 19 поени и седум скока го предводеше Монако, во чии редови двоцифрен број на поени постигнаа уште тројца кошаркари. Керон Џонсон беше стрелец на 12 поени и најефикасен кај германскиот тим.

АЕК со 77:75 славеше над Мурсија, откако во последната минута, благодарение на поддршката од трибините успеа да ги „скрши“ гостите од Шпанија. Играчот на Мурсија Џејмс во последните секунди не реализира две слободни фрлања.

Херис со 20 и Шакота со 15 поени го предводеа АЕК, а на спротивната страна се истакнаа Бените со 19 и Хана со 17 поени.

Финалето во Лигата на шампиони на ФИБА ќе се одигра в недела.

Scroll to Top