Кошаркарите на АЕК Атина се освојувачи на Лигата на шампиони на ФИБА, откако во својата „ОАКА арена“ ги совладаа Монако со 100:94 во меч во кој имаа предност од почетокот до крајот на мечот.
Монако се обиде да направи кам-бек во второто полувреме, останувајќи на достижна разлика (58:57 во третата четвртина), пред АЕК да врати со низа поени и да дојде на 10 поени предност.
Мајк Грин имаше 19 поени за АЕК, Душан Шакота додаде 16, исто како Кевин Пиунтер, додека Серџи Гладир имаше 18 поени за Монако.