Top Sport

АЕК ја освои кошаркарската Лига на шампиони (видео)

Кошаркарите на АЕК Атина се освојувачи на Лигата на шампиони на ФИБА, откако во својата „ОАКА арена“ ги совладаа Монако со 100:94 во меч во кој имаа предност од почетокот до крајот на мечот.

Монако се обиде да направи кам-бек во второто полувреме, останувајќи на достижна разлика (58:57 во третата четвртина), пред АЕК да врати со низа поени и да дојде на 10 поени предност.

Мајк Грин имаше 19 поени за АЕК, Душан Шакота додаде 16, исто како  Кевин Пиунтер, додека Серџи Гладир имаше 18 поени за Монако.

Scroll to Top