Кошаркарите на АЕК од Атина го освоија ФИБА Интерконтинеталниот куп, натпреварување кои Светската кошаркарска федерација го претставува како Светско клупско првенство.
АЕК, во финалето на турнирот што се одржа во Рио де Жанеиро, лесно го победи домашниот тим Фламенго 86:70. МВП на турнирот е поранешниот македонски репрезентативец Џордан Тиодор, кој во финалето забележа 22 поени, 3 скока и 5 асистенции.
Во мечот за третото место Сан Лоренцо од Аргентина го победија американскиот тим Остин Спарс 77:59.
Ова беше 28 издание на ФИБА Интернационалниот куп, меѓутоа во последните три години Европа ја претставува победникот на Лигата на шампионите што ја организира ФИБА.