Top Sport

Агилар последно засилување за Цедевита

Пабло Агилар е последното засилување за кошаркарскиот клуб Цедевита во преодниот рок. Искусниот крилен центар е осмиот играч што летово пристигна во редовите на шампионот на Хрватска.

Агилар изминатите три сезони беше во Гран Канарија, аво кариерата бил играч на Реал, Сарагоса и Валенсија.

Минатата сезона во шпанската лига и Еврокупот во просек по натпревар имал учинок од 7 поени и 4,4 скока.

Агилар со репрезентацијата на Шпанија има освоено златен медал на Европското првенство во 2015 година, а има и бронзен медал од ЕП во 2013 година.

Претходно, Цедевита потпиша договори со Џејмс Бел, Тајлер Вајдмен, Виктор Бените, Џастин Кобс, Елџин Кук, Аугусто Лима и Џош Магети. Во новата сезона, Цедевита ќе ја предводи шпанскиот тренер Сити Алонсо.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');