Top Sport

Ахмет Чаки повеќе не е тренер на Дарушафака

Челниците на Дарушафака, екипа која се натпреварува во кошаркарската Евролига, ја раскинале соработката со тренерот Ахмет Чаки.

Тимот од Истанбул од почетокот на сезоната има само една победа во Евролигата. По 11 кола оваа екипа е последна на табелата. Синоќа, Дарушафака загуби дома од Макаби 71:73, иако во еден период тимот имаше предност од 16 поени.

43-годишниот Чаки, по завршувањето на минатата сезона, на клупата го наследи Дејвид Блат, кој на клубот му ја донесе титулата во Еврокупот.

Чаки е четвртиот тренер што доби отказ во Евролигата од почетокот на сезоната, претходно тоа им се случи на Педро Мартинез во Басконија, Невен Спахија во Макаби и Салва Малдонадо во Гран Канарија.

Можен нов тренер на Дарушавака е актуелниот селектор на Турција, Уфук Сариџа, а медиумите шпекулираат и со името на тренерот на Банвит, Селчук Ернак.

Scroll to Top