Top Sport

Ајверсон: Го сакам Џордан, ама Леброн е најдобриот на сите времиња!

Легендарниот НБА кошаркар, Ален Ајверсон смета дека ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс е најдобриот кошаркар на сите времиња. Ајверсон е познат како голем фан на Мајкл Џордан, па затоа оваа негова изјава помалку изненадува.

„Колку и да го сакам Мајкл Џордан, го одбирам Леброн. Тој е тој“ – рече Ајверсон.

Пред две години Ајверсон зборуваше на истата тема. Тогаш тој рече дека Леброн е добар, ама Џордан е најдобриот на сите времиња.

По се изгледа МВП играчот во НБА од 2001 година го промени мислењето.

Scroll to Top