Крилото на Орландо Меџик Џонатан Ајзак е првиот кошаркар кој не клекна додека беше интонирана химната на САД, откако во четвртокот продолжи сезоната во НБА лигата. Неколку часа подоцна на химната не клекнаа ниту тренерот на Сан Антонио Спарс Грег Поповиќ и неговата помошничка Беки Хамон.
Во четвртокот, кога беше рестартирана сезоната во НБА лигата се одиграа два натпревари, сите играчи клекнаа на едно колено додека се интонираше американската химна и носе маици на кои пишуваше „Black Lives Matter“.
Ден подоцна Ајзак не клекна и не носеше маица истакнувајќи дека тоа не значи дека тој не ја поддржува борбата против расизмот.
„Апсолутно верувам во тоа движење. Многу работи имав во предвид пред да ја донесам одлуката. Но клечењето или носењето на маица со натпис „Black Lives Matter“ не значи и директна поддршка за животите на црнците“, рекол Ајзак.
„Ги поддржувам сите животи преку верата. Чувствувам дека библијата ни говори дека сите сме недостојни за славата божја. Љубовта ќе влезе во срцето на секој маж и жена во светот преку Бог, дополнил кошаркарот на Орландо Меџик.