Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, според многумина, на својот „Твитер“ профил ја напишал вистината за НБА лигата.
Најсилното првенство во светот ќе продолжи на 30 јули во „Дизни Ворлд“ во Орландо, иако изминатите денови многу играчи сметаат дека сезоната не треба да продолжи, бидејќи во моментов е поважна борбата за правата на афро-американците.
Кајри Ирвинг ја покрена оваа расправа на социјалните мрежи, доби голема поддршка, меѓутоа со свој став не излезе неговиот поранешен соиграч од Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс.
„Кошаркари можете да кажете што сакате, но доколку Леброн Џејмс каже дека треба да играме, тогаш ќе играме. Ништо лично, само бизнис“, напишал Беверли на „Твитер“, алудирајќи на влијанието кое Џејмс го има во НБА.