Top Sport

Ако замине Леброн и Кевин Лав ќе го напушти Кливленд

Кливленд Кавалирс, во текот на летото, се подготвени да направат целосен ремонт на тимот доколку Леброн Џејмс реши да замине од екипата.

Американските медиуми се убедени дека „Кралот Џејмс“, ќе ја искористи опцијата што ја има во договорот и ќе ја смени средината.

Доколку Леброн замине, неговиот пример ќе го следи и втората ѕвезда во тимот, крилниот-центар Кевин Лав.

Клубот би го трејдувал Лав, во обид да издествува право на избор во првата рунда на драфтот во наредните години.

Исто така, прогнозите се дека голем играчите ќе бидат вклучен во размени со други екипи.

Изгледно е дека наредната сезона во Кливленд нема да бидат искусните Џеј Ар Смит и Кајл Корвер, а можно е да бидат рзменети и кошаркарите кои во текот на сезоната пристигнаа во Охајо.

Кога станува збор за Леброн Џејмс, тој во наредниот период ќе реши за својата иднина, а барема засега сериозен интерес за него покажуваат ЛА Клиперс и Хјустон Рокитс.

Scroll to Top