Александар Петровиќ е именуван за нов тренер на кошаркарскиот клуб Куманово. Петровиќ доаѓа на местото на Игор Михајловски, кој пред неколку дена поднесе оставка на функцијата поради здравствени причини.
Петровиќ е поранешен тренер на МЗТ, Пелистер и Карпош Соколи.
Куманово сезонава покрај во домашното првенство се натпреварува и во БИБЛ-лигата. Дома досега Куманово по четири кола има по две победи и порази, а во БИБЛ има победа и два порази.
фото/ekipa.mk