Кошаркарот на Армани Милано, Амат Мбае, во финишот на натпреварот против Црвена звезда, направи неспортски потег за кој тешко дека може да се најде објаснување.
Во последниот напад кога прашањето на победникот беше решено, на семафорот стоеше 100:87 и 20 секунди за напад на домаќинот. Дангубиќ ја пренесе топката на половината на противникот, а потоа застана со намера да помине времето, она што е вообичаено во кошарката.
Меѓутоа Мбае му ја украде топката, а потоа му засистираше на Чичнарини кој го постави конечниот резултат 100:89.
Реакцијата на Мбае измами сакрастична насмевка на лицето на тренерот на Црвена звезда, Алимпијевиќ, а а гледачите со концерт на свирежи го испратија овој аматерски потег на на францускиот кошаркар.
Финишот на мечот и потегот на Мбае е на 5:30.