Top Sport

Американците во чудо: Бојан и Богдан Богдановиќ не се роднински поврзани

„Што е ова?“, било најчесто прашањето на американските кошаркарски фанови кои го следеле дуелот помеѓу Индијана и Сакраменто, односно првиот НБА дуел помеѓу играчите кои носат исто презиме, Богдановиќ.

Хрватот Бојан Богдановиќ со Индијана славеше над Сакраменто 101:83, чиј дрес го носи Србинот Богдан Богдановиќ.

Бојан мечот го заврши со 17, а Богдан со седум поени.

„Богдановиќ постигнува тројка, а на спротивната страна враќа Богдановиќ“, рекол коментаторот.

По мечот Бојан морал на Американците да им објасни дека со Богдан не се во роднинска врска.

„Не, не сме роднински поврзани. Тоа прашање ми го поставија и во соблекувалната, соиграчите заедно со тренерскиот тим“, рекол 28-годишниот Бојан, кој потоа пофално се изразил за квалитетите на 25-годишниот Богдан, инаку најскапиот дебитант во историјата на НБА лигата.

„Во Европа игравме многу натпревари еден против друг, како на клупско така и на репрезентативно ниво. Тој е одличен играч, еден од најдобрите европски кошаркари минатата година и драго ми е што дојде во НБА лигата“, рекол Бојан Богдановиќ.

Scroll to Top