Top Sport

Американски кошаркари претепани во Букурешт

Двајца американски кошаркари биле избодени во Букурешт, соопштија романските власти. Состојбата на еден од повредените мошне сериозна.

Дарел Боуви (24) и Џозеф Меклејн (25), играчи на клуб Куза Браила, биле повредени во саботата вечерта, кога физички се пресметале со локални жители.

Двајцата, по тепачката, биле хоспитализирани, а потоа и оперирани поради сериозноста на повредите. Полошо минал Меклејн кој бил прободен во стомакот и во градите и според романските медиуми тој се наоѓал на интензивна нега.

Романксата полиција го истражува случајот.

Scroll to Top