Во Италија се повеќе се шири страв и паника поради коронавирусот кој од ден на ден се повеќе зема замав.
Американските спортисти на „Чизмата“ во паника бараат начин да ја напуштат земјата. Италијанските медиуми пренесуваат дека шестмина американски кошаркари кои настапуваат во италијански клубови бараат раскинување на договори со клубовите.
Неофицијално, се работи за Џулијан Соун од Венеција, Џордан Паркс и Дејвид Логан од Тревизо, Зек Томас од Пескара, Доминик Сатон од Бриндизи и Тони Даглас од Варезе.
Очигледно, на никој од нив не му е важен договорот на кој се обврзале со клубовите, како ниту за последиците при едностран раскин на договорите.
According to today’s Italian newspapers, there are six USA that have expressed their desires to leave due to coronavirus outbreak: Julyan Stone (Venezia), Jordan Parks (Treviso), David Logan (Treviso), Zach Tomas (Pesaro), Dominique Sutton (Brindisi) and Toney Douglas (Varese)
— Emiliano Carchia (@Carchia) March 10, 2020