Top Sport

Американски спортски ѕвезди се тепале поради девојка (Видео)

Американската спортска јавност е вчудовидена од снимката на една тепачка што ја објави таблоидот „ТМЗ“. Со тупаници се пресметале НБА-ѕвездата од Денвер Нагетс, Малик Бизли и НФЛ-играчот на Денвер Бронкос, Су’а Крејвенс.

Кошаркарот и играчот на американски фудбал се степале во апартманот на Бизли, а причина за тепачката била Монтана Јао.

Таа и Бизли во март станале родители, но според американските медиуми останале да живеат во отворена врска, што била причината Монтана Јао да стапи во интмна врска со Су’а Крејвенс.

„ТМЗ“ ја објави снимката на која се гледа како двајцата спортисти се тепаат и како десет сантиметри понискиот (185 према 196 сантиметри), но и девет килограми потешкиот (98 према 89 килограми) Крејвенс ја добива борбата.

Scroll to Top