Кошаркарскиот клуб Задар ќе ја засили центарската позиција со Американецот Чинану Онуаку.
Онуаку во 2016 година бил 37 пик на драфот, го избрале Хјустон Рокетс, но за екипата од Тексас одиграл само шест натпревари. Минатата сезона играл во Јуѓна Кореја каде во просек по натпревар бележел 14,4 поени и 10,3 скока.
Вниманието на јавноста го привлече со начинот на кој ги изведува слободните фрлања. Тој тоа го прави како легендарниот југословенски кошаркар Радивој Кораќ „од колено“.
Onuako graduated from the Rick Berry school of free throws @HoustonRockets @SacramentoKings @NBA #drummondshouldtryit pic.twitter.com/WXn3OXaWhi
— Doda (@DodaLu) April 10, 2017