Top Sport

Антиќ без поени, Ц.звезда ја победи Уникаха

Кошаркарите на Црвена звезда ја победија Уникаха 80:76 (24:24, 16:13, 22:15, 18:24) во 24. евролигашко коло. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра нешто повеќе од 17 минути, натпреварот го заврши без поени со два скока и една асистенција. Црвена звезда со оваа победа се израмни со Уникаха на десеттата позиција, двата тима имаат по 10 победи и 14 порази и се со минимални шанси за пласман во плејофот.

Црвена звезда одигра зрело, го контролираше натпреварот, а не падна во играта ниту во моментите кога Уникаха се доближи на поен негатива.

Во првото полувреме домаќинот го диктираше ритамот со добриот шут за три поени. Со шутот за три поени Црвена звезда ја неутралирзираше инфериорноста во скокот. На полувреме домаќинот водеше 40:37.

Почетокот на третиот период и серијата од 7:0 го одреди понатамошниот тек од натпреварот. Во раната фаза „црвено-белите“ стигнаа до двоцифрена разлика, која благодарение на Бјелица ја одржаа до крајот на овој период.

Последната четвртина и припадна на Униках. Гостите се доближија на три поени негатива на пет минути до крајот, но тој напад го одби Лазиќ со тројка. Унокаха на 26 секунди до крајот со поените на Брукс ја намали рзликата на еден поен, а до крајот Рочести и Давидовац со поени од линијата за слободни му ја обезедија победата на домашниот тим.

Рочести ја беше најекспониран со 21 поен и 4 асистенции, Бјелица постигна 13, Фелдин 11, а Лазиќ 10 коша. Вачински ја предводеше Уникаха со 13 поени.

Scroll to Top