Кошаркарите на Црвена звезда загубија во третото коло во Евролигата. Белградскиот тим вечерва е поразен во Русија од Химки 85:78 (20:28, 23:16, 21:11, 21:23).
Химки максимално го искористи распоредот, според кој во првите три натпревари играше на домашен терен и во пресрет на гостувањата кај Реал и Олимпијакос има три победи. Црвена звезда од од друга страна има скор една победа (Барселона) и два порази (Жалгирис, Химки).
Црвена звезда одигра исклучително цврсто во одбраната во првото полувреме, константно беше во предност, максималната изнесуваше девет поени, а по две четвртини тимот на Перо Антиќ имаше минимална предност 43:44.
Блескаше во првиот дел кај Црвена звезда Џејмс Фелдин со 12 поени.
Химки во третиот период тргна агресивно, а резултат на таквата игра беше најпрвин серијата 8:0, а потоа и 17:4 за шест минути игра.
Црвена звезда се обиде да се врати во мечот, до крајот три пати успеа да се доближи на негатива од четири поени, последен пат тоа беше на две минути и 40 секунди, кога Џејмс Андерсон доби три слободни фрлања, кои ги реализираше и му обезбеди на својот тим мирна завршница.
Перо Антиќ одигра солиден меч, за нешто повеќе од 18 минути постигна 6 поени (1/1 за два, 1/4 за три, 1/1 слободни), 4 скока и 2 асистенции.
Црвена звезда ја предводеа Милко Бјелица со 15 и Џејмс Фелдин со 14 поени, а двоцифрен ефект имаа уште Тејлор Рочести (13, 5 асистенции) и Матијас Лесор (12 поени, 8 скока).
Химки го предводеа Џејмс Андерсон со 24 и Алкесеј Швед со 18 поени, 9 асистенции и 5 скока.