Top Sport

Антиќ со ефектно забивање, Звезда славеше против Мега Бемакс

Кошаркарите на Црвена звезда, во Сремска Митровица, славеа над Мега Бемакс 90:85, во последниот натпревар од 13.коло во АБА лигата.

Мега и Звезда го одиграа најдолгиот натпревар оваа сезона во лигата (два часа и 13 минути), во кој беа досудени 60 лични грешки и изведени неверојатни 75 слободни фрлања.

Токму слободните фрлања беа клучни за победата на Црвена звезда која промаши осум пати (34/32), додека играчите на Мега погодија само 20 од 35.слободни.

Звезда го контролираше натпреварот до 23 минута кога имаше предност од 22 поени, а пота неразбирливо му дозволи на противникот со серија 21:6 до крајот на третата четвртина целосно да се врати во натпреварот.

Мега се закануваше во решавачкиот период, но во ниту еден момент не успеа да му се доближи на противникот на помалку од пет поени.

Во последниот период по мечот беше во петминутен прекин откако заискри на теренот по фаулот на Ботадзе врз Лесор. Судиите по прегледувањето на снимката поделија неколку технички грешки и го исклучија членот на стручниот штаб на Црвена звезда, Небојша Илиќ.

Перо Антиќ одигра 21 минута за Црвена звезда и го имаше потегот на натпреварот кога ефектно заби по соло пробив. Тој имаше учинок од 12 поени (1/5 за три), 6 скока и 3 загубени топки.

Победникот го предводеа Џејмс Фелдин со 24 поени (11/11 слободни) и по 3 скока, асистенции и украдени топки, односно Тејлор Рочести кој забележа 15 поени, 8 асистенции и 2 украдени топки.

Кај Мега блескаше Александар Лазиќ со 17 поени и 15 скока. Предраг Самарџиски од тренерот Дејан Милојевиќ не доби ниту една секунда на овој меч.

Scroll to Top