Top Sport

Антиќ до Гаврилоска: Вашиот инат и желбата за фотеља ја донесе кошарката на дното

Перо Антиќ, трикратниот европски клупски првак, член на белградска Црвена звезда, преку социјалните мрежи реагираше на интервјуто на генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Моника Гаврилоска, во кое таа се пофали со успесите на оваа владејачка гарнитура.

Гаврилоска потенцира дека ова раководство на МКФ ги вратило долговите и дека ја одблокирало сметката „сега дојдовме во плус од 150.000 евра“, а не заборави да потенцира дека комплетиран бил спонзорскиот тим. Антиќ на совјот профил на „Фејсбук“ без „влакна на јазикот“ и одговори на Гаврилоска.

„Бени Хил шоу! Секој збор и тврдење може да се побие со факт. Како сте го порамниле долгот (во свое време ќе биде кажано, иако е јавна тајна), како приоритет се младите, ете летале со авион, како дојдовте до фотељите (на нечист начин, јавна тајна).

Се работело со приватни сметки кога и ти си играла и се било супер, не ти сметаше тогаш! Функциониравте со спонзори кој под притисок од знаеме кој мораа да дадат средства! И така натаму.

Спортскиот инат, велите? Вашиот инат и желба за удобна фотеља ја донесе кошарката кадешто е сега – ДНО! Почитувањето кон тебе (Моника Гавриловска н.з) секогаш било тука и никогаш не сум очекувал дека ти, што знаеш што е тимска хемија, тимски дух, ќе се определиш за столче до топоганот што се што фатил тимско во Македонија – расипал. И продолжуваш да браниш духови, нека ти е чест и на тебе.

Поздрав, небитниот“, пишува во реакцијата на Перо Антиќ.

Инаку, МКФ на 25.декември ќе го одржи Собранието на кое ќе се гласа за доверба на претседателот Петар Наумовски.

Scroll to Top