Top Sport

Антиќ: Раководството на МКФ си лекува комплекси

Перо Антиќ во опширно интервју за „Спорт клуб“ (www.sportklub.rs), меѓу другото, одговорил и на прашањето поврзано со своето неиграње за репрезентацијата на Македонија.

По Европското првенство во 2013 година, Антиќ најави дека се повлекува од репрезентацијата. Постоеше можност тој да се врати во тимот минатото лето за претквалификациите на пласман на Светското првенство, беше на списокот на селекторот, но враќањето го одложи за некои други времиња.

„Ќе почекаме да видиме што ќе се случи со актуелното раководство. Додека е ова раководство тука, јас не размислувам на таа тема. Иако се работи за играње за мојата држава, ова раководство чека само да направи некој проблем, тие само ги лежат своите комплекси. Ја расипаа хемијата што ја красеше македонската репрезентација“, рекол Антиќ.

Трикратниот освојувач на Евролигата неодамна од Македонската кошаркарска федерација беше прогласен за најдобар играч во 2017 година, но не се појави на свечената церемонија, ниту испрати свој претставник да ја прими наградата.

„Им благодарам, еве им ја оставив наградата, нека ја чуваат“.

Scroll to Top