Европскиот шампион Фенербахче на посебен начин го најави натпреварот со Црвена звезда.
„Внимание, внимание! Перо Антиќ, кој со многу успех го носеше нашиот дрес во последните две сезони, во кои остваривме историски успеси, се враќа во вторник“, најавија од Фенербахче.
На оваа објава не остана должен ниту Антиќ, кој се огласи преку својот профил на „Твитер“.
„Возбуден сум поради враќањето во ‘Улкер арената’! Се гледаме во вторник“.
Антиќ за две години со Фенербахче освои пет титули, од кои најважна е онаа во Евролигата.
Натпреварот Фенербахче-Црвена звезда во 13. коло ќе започне во 18.45 часот.
Very excited to be back in Ulker Arena!!! See u all on Tuesday!! https://t.co/Ww4sinUiCg
— Pero Antic (@antic12pero) December 18, 2017