Top Sport

Антиќ со шампионски дрес за премиерот

Перо Антиќ беше во посета на македонскиот премиер, Зоран Заев, при што му додели дрес на неговиот поранешен клуб Фенербахче, со кој минатата сезона ја освои Евролигата.

„Кошарката во Македонија ќе оди напред. Му благодарам на Антиќ што препознава дека спортот го враќаме на спортските работници и среќен сум што се создаваат можности тој да помогне во развојот на домашниот спорт. Му благодарам и за дресот од Фенербахче со којшто тој и клубот ја освоија Евролигата“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Scroll to Top