Српскиот џин, Бобан Марјановиќ, изминатата ноќ дебитираше за новиот тим ЛА Клиперс, доколку неговото влегување во игра воопшто може да се нарече деби.
Во драматичната победа на ЛА Клиперс над Далас Маверикс, Марјановиќ на теренот мина три десетински.
Марјановиќ, кој според последниот договор за три години ќе заработи 21 милион долари, влезе на теренот во последната секунда од мечот, при резултат 104:101 и топка за противникот.
Тренерот Док Риверс 221 сантиметри високиот центар во игра го внесе за да му попречи на играчот на Далас кој требаше да ја уфрли топката во игра.
Во моментот кога влезе во игра Марјановиќ до крајот на мечот остнаа 0,7 секунди, меѓутоа Џорди Фарел кој ја прифати топката беше надвор од теренот, а од времето минаа само три есетнки.
Откако Клиперси ја добија топката тренерот веднаш го повлече Марјановиќ од теренот.
Апсурдна одлука на Риверс за која коментар не е потребен.