Top Sport

Асистенција на сезоната, па повреда (Видео)

Плејмејкерот на ЛА Клиперс, Милош Теодосиќ, повторно има проблеми со левото стапало, пренесуваат американските медиуми.

Теодосиќ се повреди на натпреварот против Милвоки Бакс (105:98), недолго откако без гледање му асистираше на Деандре Џордан. Асистенцијата на Теодисиќ е една од најдобрите во лигата оваа сезона.

Во првиот дел српскиот репрезентативец го предводеше тимот со 13 поени, 4 асистенции и еден скок. Поради повредата тој не играше во второто полувреме.

Поради повредата на левото стапало Теодосиќ на почетокот на сезоната пропушти 21 натпревар.

Тренерот на ЛА Клиперс, Док Риверс, по победата над Милвоки рекол дека најверојатно повредата не е сериозна и дека Теодосиќ може да биде во тимот викеднов.

Scroll to Top