Top Sport

Атаман за Обрадовиќ: Ако отиде во НБА ќе ни биде полесно!

Тренерот на турски Ефес, Ергин Атаман на прес-конференцијата пред почетокот на Ф4 кошаркарскиот турнир зборуваше за неговиот голем ривал – српскиот стратег Жељко Обрадовиќ. Тој уште еднаш повтори дека долгогодишниот кормилар на Фенербахче го гледа како НБА тренер.

„Жељко е сјајна личност, одличен тренер, можеби најдобриот, има одличен карактер, ни недосасува, но за мене би било супер да го видам во НБА лигата во иднина, како прв тренер од Евролигата затоа што само луѓе од НБА доаѓаат во Европа. Доаѓаат луѓе, земаат играчи и ги носат во НБА. Се надевам дека некој разбира дека и во Европа има добри тренери и сакам да го видам Жељко таму. Можеби за нас ќе биде полесно да е таму, да не мора да се натпреваруваме против него во Евролигата“ рече Атаман.

Scroll to Top