Лојд Пирс повеќе не е тренер на кошаркарите на Атланта Хокс. Пирс, пред два дена последен пат седеше на клупата на Атлата, во поразот од Мајами 109:99.
Пирс е вториот тренер во НБА литата кој доби отказ на функцијата, претходно Минесота Тимбервулвс ја прекинаа соработката со Рајан Саундерс.
Американските медиуми шпекулираат дека Пирс, на клупата ќе го замени помошникот Нејт Мекмилан.
Оваа сезона беше трета за Пирс на клупата на Атланта. Во изминатите две не успеа да избори пласман во пле-офот, а како сега стојат работите Хокси нема да го видат плеј-офот ниту оваа сезона. Хокс имаат скор од 14 победи и 20 порази.
Инаку, Лојд Пирс, ќе му биде помошник на грег Поповиќ на Олимписките игри во Токио.