Top Sport

Атрактивен НБА забивач ќе дебитира во рингот, вовед за борбата на Тајсон

Поранешната НБА ѕвезда, Најт Робинсон (36) се подготвува за своето деби во боксерскиот ринг, на 28 идниот месец. Екс-кошаркарот кој ќе остане запаметен по ѕверските забивања иако има само 175 сантиметри (трипати триумфираше во натпреварот во забивање на Ол-стар викендите) ќе ги вкрсти ракавиците со видео-блогерот Џејк Поло.

Нивната борба ќе биде увертира за спектаклот – Мајк Тајсон против Рој Џонс Јуниор.

Поголемиот дел од кариерата ја помина во Њујорк Никс, а играше и за Бостон, Оклахома, Голден Стејт, Чикаго, Денвер, Клиперси и Њу Орлеанс Хорнетс.

Во НБА одигра 618 меча и просечно постигнуваше по 11 поени, 3 асистенции и 2 скока на меч.

Еве дел од неговите легендарни забивања:

Scroll to Top