Top Sport

Автомобил за госпоѓата: Оладипо се грижи за жртвите на семејно насилство (Видео)

Ѕвездата на НБА франшизата, Индијана Пејсерс, Виктор Оладипо и го разубавил животот на госпоѓата Ренити Хилс. Во неделата, кога Пејсерс играа против Вашингтон Визардс, тој на госпоѓата и подарил автомобил.

Оладипо, на крајот од минатата сезона, од лигата беше прогласен за играч шт најмногу напредувал. Како награда од спонзорот добил автомобил. Во неделата тој автомобил и го подарил на госпоѓата Хилс која била жртва на семејно насилство.

„Слушнав дел од вашата приказна и мислам дека вие сте инспирација за голем број на луѓе и дека сте голем борец. Секогаш сакам да бидам активен во заедницата во Индијанаполис. Така што ова е изненадувањето, овој автомобил е за вас“, рекол Оладипо во видео пораката која била емитирана на видео-бимот.

Госпоѓата Хилс кога се изборила со своите проблеми, започнала да работи како адвокат во канцеларијата која им помага на жртвите на семејното насилство. Неодамна таа имала проблеми со автомобилот и тогаш и било кажано дека ќе добие автомобил „кој е срамежлив за сам да биде дел од една таква церемонија“.

Scroll to Top