Top Sport

Балканско воспитување – Репеша го извади од игра па го тепаше својот млад кошаркар!

Хрватскиот кошаркарски тренер и поранешен селектор на Босна и Херцеговина, Јасмин Репеша се најде под остри критики во италијанската јавност по неговиот обид за дисциплинирање на неговиот кошаркар, Хенри Дрел.

Репеша, кој е тренер на Пезаро во мечот со Трст (кој го добија со 84:74), го извади младиот Естонец кому многумина му предвидуваат иднина во НБА лигата, по што го кубеше за косата и го удри по грбот. 20-годишниот Дрел не реагираше на ова, туку само си седна на клупата.

Scroll to Top