Долгогодишниот учесник во кошаркарската Евролига, германскиот тим Бамберг, од наредната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите на ФИБА.
Деветкратниот германски шампион потврдил дека постигнал пет годишен договор со ФИБА, за настап во Лигата на шампионите.
„За нас е најважно добро да ги испланираме годините што доаѓаат“, рекол генералниот менаџер на Бамберг, Ролф Бејер.
Бамберг, сезонава, не успеа низ германскиот шампионат да избори пласман во Евролигата. Бамберг, во полу-финалето, беше елиминиран од Баерн Минхен, кој подоцна стана шампион и избори пласман во Евролигата.
Екипата на Бамберг изминатите 15 години девет пати играше во Евролигата, а шест пати во Еврокупот.