Top Sport

Баркли има фаворит на Западот, става 100.000 долари дека ќе играат НБА финале

Легендарниот НБА кошаркар Чарлс Баркли има свој фаворит за освојување на Западната конференција во НБА лигата. „Ќелавкото“ очекува тимот на Портланд Треилблејзерс да го освои Западот и да се пласира во големото финале.

„Го овластувам мојот агент Марк, ова е мојот прв облог. Сакам да се обложам во 100.000 долари дека Портланд ќе победи во Западната конференција. Завршија таа работа утре за мене“ му порача Баркли на својот агент во емисија во живо.

Портланд сезоната ја отвори со убедлив пораз со 20 поени разлика, од Јута Џез, но популарниот „Сер Чарлс“ верува дека Демијан Лилард и другарите имаат квалитет потребен за пласман во големото финале.

Квотата за обложување за овој тим се движи од 20 па се до 32, што значи дека Баркли би можел да инкасира 2 до 3 милиони зелени банкноти.

Scroll to Top