Top Sport

Барса се засилува – Хејс повторно со Јасикевичиус

Американскиот кошаркар Најџел Хејс потпиша едногодишен договор со екипата на Барселона.

Доскорешниот играч на литвански Жалгирис повторно ќе има можност да соработува со тренерот Шарунас Јасикевичиус кој му беше предводник и во Каунас.

Желбата на Хејс беше да заигра во НБА лигата, но од тоа ништо не испадна, па реши барем уште една сезона да игра во Европа.

Летово беше на проба во Бостон Селтикс, но не успеа да се наметне.

Минатата сезона во Жалгирис имаше учинок од 9,5 поени и речиси 4 фатени топки во просек на меч.

Во кариерата во Европа освен за Жалгирис има настапувано и за Галатасарај.

Scroll to Top