Кошаркарите на Барселона и Химки остварија победи во второто коло од кошаркарската Евролига.
Каталонците славеа на гостувањето во Санкт Петерсбург кај тимот на Зенит со 87-63 и така дојдоа до нов триуф во елитното натпреварување.
Најдобар поединец на мечот беше Кајл Кјурик кој мечот го заврши со 24 поени. Двоцифрени беа и Никола Миротиќ со дабл-дабл учиник (17 поени и 10 скока), Виктор Клавер додаде 12 поени, а Брендон Дејвис се истакна со 10 поени.
Најефикасен кај домашата екипа беше Евгени Воронов со 10 поени.
Кошаркарите на Химки, на домашен терен беа подобри од Басконија минимално со 79-76. Алексеј Швед со 21 поен и 8 асистенции беше најпрецизен во победничката екипа, а него го следеа Јанис Тима со 18, односно Џереми Еванс со 17 поени.
Кај Басконија се истакна Торник Шенгелија со дабл-дабл учинок (18 поени и 10 скока). Двоцифрени беа и Пјер Хенри со 14, односно Лука Вилдос со 10 поени.
По голема драма, и по продолженија, турски Ефес по продолженија го совлада тимот на Алба Берлин 106-105.
Ефес до првата победа во елитното натпреварување дојде благодарение на тандемот Шејн Ларкин – Василие Мициќ.
Ларкин со 26 поени беше најпрецизен, додека Мициќ со 23 поени и 13 асистенции беше константен на мечот, па на 35 секунди пред крајот на продолжението беше прецизен од слободните фрлања за победа на својот тим.
Во редовите на Алба се истакна Рокас Гиедраитис со 21 поен.