Кошаркарите на Барселона го декласираа Реал 94:72 во 22.коло, во Ендеса лигата. Реал и покрај поразот е лидер на табелата (19-3), а Барселона е на втората позиција (15-7).
Екипата која ја предводи Светислав Пешиќ водеше од првата до последната минута. Во првото полувреме Барселона неколку пати имаше двоцифрена предност, а клучната разлика ја направи во финишот на првата и почетокот на втората четвртина со серијата 16:0.
Во второто полувреме Барселона целосно издоминира, а два пати играчите на Пешиќ имаа разлика од 31 поен.
Барселона на овој начин му се реваншира на Реал за неодамнешниот убедлив пораз во Евролигата.
Томас Ертел ја предводеше Барселона со 21 поен, Пјер Ориола уфрли 15. Реал имаше само двајца играчи со двоцифрен број на постигнати поени, Руди Фернандез 11 и Фабијан Козр 10 коша.