Кошаркарите на Барселона синоќа со 111-109 по продолженија славеа против Уникс во 17. коло од Евролигата.
Иако во еден момент од мечот пулените на Шарунас Јасикевичиус имаа минус од 20 поени, сепак успеаја да стигнат до 15-тиот сезонски триумф.
Против рускиот тим Барса изедначи рекорд на Евролигата – погодија 42 слободни фрлања (само две промашувања).
Рекордот го постави Макаби при победата од 111-104 против Фортитудо, на 27 ноември 2003 година.
Рекордот на Макаби прв го изедначи тимот на Цибона во декември 2006 година. „Волците“ тогаш беа поразени од Олимпија со 92-88, а мечот го одбележи Давор Кус кој ги погоди сите 17 слободни фрлања.
Пред Барса, овој рекорд го израмни и Панатинаикос против Партизан во сезоната 2006/07. Во нивна корист беа досудени 53 слободни фрлања, реализирани 42. Партизан тогаш победи со 93-80.