Кошаркарите на Барселона го победија Реал во Мадрид 84:80 во првото „Ел Класико“ оваа сезона. Реал, во осмото коло го доживеа првиот пораз во домашното првенство.
Реал подобро влезе во натпреварот, успеа да направи предност од седум поени, но Барселона до крајот на првиот период успеа да влезе во вистинскиот ритам и и првите десет минути да ги заврши со поен негатива (19:18).
Во останатите три четвртини ниту еден од тимовите не успеа да создаде некоја посериозна предност, поради што победникот беше решен во последните 50 секунди. Серафан и Ертел погодија за предност на барселона 78:81, потоа Реал не успеа да организира напад, Моерман на спротивната срана пооди едно од двете слободни фрлања.
По тајмаутот на Пабло Ласо, Реал поентираше преку Керол, а конечниот резултат го постави ертел од линијата за слободни фрлања.
Клучен фактор за победата на Барселона беше Моерман кој постигна 19 поени, од кои 12 во третата четвртина. Двоцифрен ефект кај Барса имаа уште Серафан (15 ) и Сандерс (13).
Реал го предводеше Дончиќ со 20 поени и 10 скока.